Единствената галерија за минерали, фосили и кристали во Македонија!

Сподели:

Во соработка со “Македонски Рубин Деко“ Скопје и Muséum national d’Histoire naturelle Paris

Добредојдовте во нашата уникатна галерија, мини-музејче во Скопје, Тафталиџе, улица Анкарска број 29А. Веќе две години откако Откритие овозможи слободен влез за сите во единствената галерија за минерали, кристали и фосили од ваков вид во нашата земја! Ова е место каде што науката, историјата и уметноста се спојуваат за да создадат незаборавно искуство за посетителите од сите возрасти.

Нашата галерија е омилена дестинација за ученици, наставници и професори од различни училишта, кои доаѓаат за да се едуцираат преку богатата колекција на минерали, фосили и кристали. Патувајте низ времето, почнувајќи од создавањето на Универзумот преку настанувањето на животот со неверијатно квалитетен примерок на фосилизирани цианобактерии (строматолити), па сè до еволуцијата на човекот.

Ќе ја откриете употребата на природните богатства низ историјата – од првите алатки направени од обсидијан, па до современите технологии за обработка на накит, компоненти во електронски апарати, гориво и градежни материјали. Галеријата нуди и елементи од популарните светови на Minecraft, Indiana Jones, Jurassic Park и Harry Potter, што ја прави посетата уште поинтерактивна и привлечна за младите.

Исто така, вршиме спојување на науката со уметноста преку мозаици и други уметнички дела.

А знаете ли дека Македонија е една од ретките земји во светот, и убедливо најмалата, што поседува свој рубин? Овој скапоцен камен е дел од нашето национално богатство кое треба што поскоро да го заштитиме и цениме.

Нашата галерија Откритие во Април 2025 година ќе има посебна изложба во Културно Информативниот Центар на Македонија во Загреб каде ќе бидат приложени токму ретки примероци од необработен рубин во мермерна матрица и неколку уникатни изработки на накит во традиционални македонски мотиви.

Откритие преку својата галерија истотака работи на неверојатно возбудлив и атрактивен проект со Музејот за Природна Историја во Париз кој е национално највисоката институција во Франција на оваа тематика, за размена на примероци од Франција кои ќе бидат изложени во нашата галерија он крајот на 2025 година.

Посетете не и дозволете ни да ве воведеме во магичниот свет на минералите, фосилите и кристалите – каде што минатото се среќава со иднината!

читај повеќе

ПРОЕКТИ

Тајфа Минерали : ГАЛИЧНИК # ЛАБ-ХАБ

Во соработка со конакот “Баба и Деде“ во Галичник и Центарот за истражување и промоција на природата и културата “NATURE EXPEDITION“