Од ѕвездена прав до човек -Приказната на вечната поврзаност
Минералите, тие тивки сведоци од милијарди години, се првите градежни блокови на животот. Во нивните кристални решетки се крие тајната на потеклото на животот. Од нив се создале првите молекули кои ги формираат првите клетки. Ова е момент кога неживото стана живо. Животот е продолжение на минералниот свет. Нашите клетки се полни со јаглерод и кислород – елементи кои некогаш биле дел од ѕвезди и карпи. Животот не е само случајност, туку е природен исход на универзални еволутивни процеси кои траат милијарди години. Ова е приказна за единството на сè – приказна која нè повикува да се восхитуваме на убавината и сложеноста на постоењето.
метеорит од галеријата откритие во форма на зајче
Да ги промовираме заедно природните науки и реткости во Македонија
Биди дел од Откритие и поддржи ги нашите проекти во хармонија со природата : 072 215 271